Млада велешанка претепана и силувана, шест месеци чека обвинение за насилникот

Силувана, претепана и со тешки трауми. Ова е голготата низ која поминува велешанката Моника Јовановска која цели шест месеци чека ОЈО да покрене обвиение против насилникот. Оваа млада девојка за ТВ 24 раскажа и со документи го поткрепи случајот во кој вели дека била брутално тепана со тупаници, клоци, силувана, па повторно тепана од 32 годишниот велешанец со кој претходно била во врска. 

Настанот се случил ноќта на 2 август на автопатот Скопје-Велес, на враќање од кафе ресторант каде биле да разговараат, а Моника одбила да ја продолжи врската со него.

Истата ноќ Моника во тешка состојба во придружба на родителите го пријавила случајот во СВР Велес каде што е направен Записник, по што се направени лекарски прегледи и е пратена на испитување и вештачење на Институтот за судска медиција. Таа вели дека шест  случајот е згалавен во обвинителството. Нема епилог, но таа нема ниту повратана информација – до каде е истрагата, зошто трае толку долго. 

Од обинитеслтвтиоо за тв 24 велат дека се очекува да има решпение, но не кажуваат кога тоа ќе се случи. 

„Ве известуваме дека во Основното јавно обвинителство Велес во тек е предистражна постапка за настанот за кој прашувате. Надлежниот јавен обвинител ги прибира материјалните и вербални докази по чие разгледување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.“

Во меѓувреме осомничениот слободно се шета низ улиците на Велес, а тоа најмногу ја плаши Јовановска. Таа апелира ваквите случаи да не станат маратонски, зошто на тој начин се охрабруваат насилниците.

Јовановска веќе со месеци прима терапија за физичките и психичките трауми што ги има претрпено. Жртва е на двојна виктимизација, озборувања, дезинформации во средината која нема разбирање за траумите на жртвите на сексуално насилство. Најголема потпора наоѓа во семејството, мајката и таткото – со кои се решени оваа битка ќе ја водат до крај.