Млад кочанчанец се врза со селотејп за бандера на плоштадот во Скопје, акција на Супорт Кочани
Невообичаена слика на плоштад Македонија, млад маж висеше на неколку гајби и врзан за бандера со селотејп трака, автентичен протест од „Супорт Кочани“ кој го привлекуваше вниманието на присутните.
Врзаниот кочанчанец има изгубено пет другари во пожарот во Пулс.. Кочани е непрепознатлив од 16ти март, повеќе од месец и половина нема живот таму граѓаните вриштат од болка но се слуша само тишината.
Одлуката за герила акцијата од Супорт Кочани е да се испрати силна порака до институциите и насочи вниманието на јавноста кон трагедијата во Кочани. Момчето пред собраните јавно праша: „Па толку брзо ли не’ заборавивте?“
Јас овде сум физички врзан за да видам како народот ќе ме гледа но во Кочани луѓето се духовно врзани додава Кировски кој очекува поддршка од како што вели главните луѓе на државата, они си знаат кои се и диктираат што треба да се прави. Очекувавме дека нешто ќе направат за Кочани. Градот живее во црнило 30 години. Нека слушнат тие луѓе, вели кировски.
Утре во Кочани ќе се одржи уште еден марш за ангелите во 16:05 од паркот на револуцијата кон трговскиот пред општинската зграда полицијата и ќе заврши пред кочанското обвинителство.