МКЦ: Повторно сме на мета на партиските игри
Од МКЦ реагираат дека повторно се на мета на партиските игри со смената на директори. Во соопштение информираат дека в.д. директорот на МКЦ, Ванчо Богоев кој 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат работел за одржување на програмата на мкц, бил сменет од својата позиција бидејќи не потпишал вработување за Арбен Шаќири.
Оттаму посочуваат дека врз директорот се вршел директен притисок од генералниот секретар на Град Скопје.
За нов директор на МКЦ бил назначен Никола Алексов, дипломиран детектив, кој бил примен пред два дена преку агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција - велат во соопштението.