Митева: Власта го лаже народот, следува енормно поскапување на цената на струјата, најголемиот број од домаќинствата ќе плаќаат и двојно поскапа струја
После денешните објави на новите цени едно е јасно: РКЕ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај.
Власта повторно удри по џебот на граѓаните. Најголемиот број од домаќинствата, согласно тарифните блокови 3 и 4 ќе плаќаат и до 138% поскапа струја. Тарифниот модел кој го воведе власта е само маска за новото поскапување кое ќе стапи на сила од 01 јули. Зад неразбирлива пресметка за граѓаните се обидуваат да го протнат енормно високото поскапување на цената на електричната енергија. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Еве за колку ќе се зголеми струјата кај сите 4 блок тарифи:
БЛОК ТАРИФИ ( kW/h) за домаќинства
Прв блок 0-210 kWh – зголемување од 5,5%
Втор блок 210-630 kWh – зголемување од 10,3%
Трет блок 630-1050 kWh – зголемување од 18,3%
Четврт блок 1050 > kWh – зголемување од 138,7%
Нема ниту „Н“ од она намалување на цената за кое не лажеа деновиве.
Најголем дел од домаќинствата се наоѓаат во вториот и третиот блок и тие ќе имаат покачување од 10,3%, односно 18,3%. Ваква катастрофална енергетска политика не може да помине неказнето.