Митева: Нераскинлива братска врска, 1 милион од Груби на Груби за туристички услуги
ВМРО – ДПМНЕ денеска објави информации за кои тврди дека откриваат нов случај на судир на интереси кои како што велат ги прави Груби злоупотребувајќи ја својата позиција на власт. Обвинуваат дека голема е поврзаноста меѓу Артан Груби и бизнисот на неговиот брат.
Документ кој го презентираа денеска велат дека е преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата каде Груби е прв вицепремиер, но и од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде Груби е министер се исплаќале средства токму на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.