Митева и Дафчева: Институциите да обрнат поголемо внимание за жртвите на семејно насилство

Во центарот за заштита на жени од семејно насилство во Струмица од почетокот на неговото отворање во 2020 година до сега биле згрижени 80 жртви на семејно насилство. 77 од нив никогаш не се вратиле кај насилникот.

Според законските одредби жените жртви на семејно насилство во шелтерот можат да останат 3+3+ 6 месеци или вкупно една година. Стојне Митева и Катерина Дафчева кои работат со жените жртви на семејно насилство , од искуство велат дека државата треба да води сметка за овие луѓе откако ќе го напуштат шелтерот а насилниците да си ја добијат заслужената казна.

Како прво да им се овозможи вработување и економска независност и ако се исполнуваат одредени услови да им се решава и станбеното прашање.

Најмладата што била згрижена во шелтерот била на 13 годишна возраст, највозрасната на 84 години.