Мисија „Арктичка стража“ на Гренланд

Во светло на неизвесност за независноста на Гренланд и притисокот од САД, НАТО ја предлага мисијата „Арктичка стража“ како начин да се зајакне безбедноста во регионот, без да се загрозува волјата на гренландскиот народ.

Идејата ја потенцира можноста Европа и Соединетите Држави заеднички да ја контролираат стратегиската зона, додека се почитуваат принципите на самоопределување и меѓународна правда. 

Новите европски воени активности во Гренланд ја заоструваат геополитичката тензија околу арктичкиот остров, откако Белата куќа порача дека распоредувањето на европски трупи нема да го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од намерата САД да воспостават контрола врз автономната данска територија, богата со стратешки минерали. 

Со реакции се огласија од меѓународната заедница, а  иднината на Гренланд добива и морална димензија. Генералниот секретар на Светскиот совет на црквите, Џери Пилеј, остро ја осуди најавената намера на САД да воспостават сопственост и контрола врз островот, оценувајќи дека таквиот пристап е спротивен на волјата на гренландскиот народ и на нивниот јасно изразен стремеж кон независност, предупредувајќи дека секое наметнување надворешна власт претставува форма на неоколонијализам и кршење на правото на самоопределување. 

Џери Пилеј,  Генералниот секретар на Светскиот совет на црквите

„Нивните права и ставови мора да бидат сериозно разгледани и почитувани“... „Ова е еднакво на неоколонијализам“ истакна Џери Пилеј.... 

Во меѓувреме, премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, нагласи дека „дијалогот и дипломатијата се вистинскиот пат напред“, поздравувајќи го фактот дека „дијалогот“ веќе започнал. Развојот на настаните се случи еден ден откако состанокот во Белата куќа не успеа да ги реши „фундаменталните разлики“ околу Гренланд, за кој Трамп инсистира дека Вашингтон треба да ја обезбеди сопствената безбедност.