Мишев од ЕСЕ за Студио 10: ЕСЕ бара ЈО, случајот со двојното убиство во Кратово да го води како нужна одбрана

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост ЕСЕ, бара Јавното обвинителство да ги земе предвид реакциите за сторителот на двојното убиство во Кратово, дека и самата пријавувала дека е предмет на семејно насилство во неколку наврати, и ако како што е кажано, жената што го извршила убиството непосредно пред самиот чин, била давена од сопругот, делото да се преиначи како убиство во нужна одбрана или убиство во миг.