Мисајловски за ТВ 24: Народот е изневерен, не може Македонија да го прифати ова

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во емисијата 24 анализа рече дека на протестите се дојдени членови од сите партии и аполитични, како и активисти од СДСМ. Повикаа на неколку барања и лидерска средба за клучниот предлог кој не е прифатлив.

- Граѓаните се револтирани зошто ова се прави под маса, се прави брзо и нетранспарентно. Не може да видиме протокол, што ќе има внатре., граѓаните не веруваат во институциите и гфледаме дека народот е изневерен. Консултациите требаше да траат подолго време и да ги слушнат граѓаните. Ова се сериозни прашања и не може Македонија да го прифати ова, влегуваме во слепа улица. Јас лично бев дел од преговарачкиот тим кога се преговараше овој договор, тогаш бев државен секретар во Министерство за надворешни работи. Но што беше спорно тогаш, а што е спорно денес. Три работи беа спорни. Прво, заедничката историја, значи ниту тогашната ниту претходната влада не го прифати тоа барање на Бугарија да имаме заедничка историја. Многу брзоплето потоа се прифати од страна на Владата на СДСМ. - рече Мисајловски.