Мисајловски: Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот
Foto

Мисајловски: Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешниот протест во Куманово порача дека никој не смее да тргува со македонскиот идентитет и јазик.

-Да не дозволиме никој од нас, а се разбира да не дозволи никој во оваа држава повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет, со нашиот јазик, со кумановци. Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои  на Костурница, но се  разбира и многу борци што се родиле, но и поколенија  што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот , а се разбира било за слободна Македонија. Затоа драго ми е што во Куманово се собираме да направиме протест но ги охрабрувам насекаде во државата, не само општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ  туку сите граѓани да ни се приклучат дали со нивните возила, дали на било каков друг начин да посветат малку време да ја покажат нивната пркост бидејќи промените започнуваат од секој еден од нас, рече Мисајловски.

0 Коментари

Остави коментари