Мисајловски: Филипче треба сам, морално, да си поднесе оставка
Foto

Мисајловски: Филипче треба сам, морално, да си поднесе оставка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција истакна дека министерот за здравство венко филипче треба сам да си поднесе оставка.

- Во овој период најважно е здравствените власти да се посветат целосно на решавање на ова што ни се случува, јас би го нарекол овој хаос што ни се случува, вие знаете дека во минатото токму овој господин Филипче велеше дека отприлика ќе има 2000 заразени во текот на целата пандемија, што сега ги гледаме дека се многу повеќе на неделно ниво. Јас ќе апелирам до него да не биде политичарот Венко, туку да биде оној што треба да биде а тоа е министер за здравство, истакна Мисајловски.

На ова барања денеска од струмица министерот Венко Филипче одговори дека не чуствува одговорност за состојбара со ковид кризата во државата, туку дека земјата засега добро се справува со ситуацијата без политиканство во мерките и препораките кои се донесуваат.

 

0 Коментари

Остави коментари