Мировните преговори меѓу Израел и Хамас „минирани“ од барањето за список на живи заложници

Нема да попуштиме пред барањата на Хамас Бенјамин Нетанјаху им порача на Палестинците дека мораат да ги намалат своите очекувања доколку сакаат мир во регионот. Израелската влада одби да испрати свои преставници на новата рунда преговори кои се водат под покровителство на САД, Египет и Катар, додедека не добијат список со имиња на сите заробеници кои се уште се живи.

Исто така, бараат и јасен одговор во однос на тоа колку палестински затвореници треба да бидат разменети за секој ослободен заложник. Според неодамнешните извештаи, во нацрт-договорот за кој се разговараше изминативе денови, за 400 Палестинци во израелските затвори би можело да бидат разменети 40 заложници.

„Вложуваме големи напори да успеат мировните преговори, но едно нешто мора да е јасно – нема да капитулираме пред нереалните барања на Хамас. Со или без договор, ќе се бориме до целосна победа.“ - рече Нетанјаху.

Од Хамас пак порачуваат дека нема да прифатат никакви уцени од Израел. Побараа од соседните држави да преземат иницијатива за да се оконча конфликтот во Газа.

„Со заканите за нови напади, ционистите ја потврдуваат својата криминална природа. Ние сме флексибилни во преговорите поради грижа за нашиот народ, но подготвени сме целосно да го браниме нашиот народ.“ - изјави Осама Хамдан претставник на Хамас во Либан.

И потпретседатрелката на САД, Камала Харис, побара итен прекин на огнот. Харис, која денеска треба да се сретне си израелскиот министер за одбрана, откри дека американската администрација работи заедно со Египет и Катар за да посредува во шестнеделна пауза во борбите со цел да се извлечат преостанатите заложници што ги држеше Хамас, но и Газа да добие поголема хуманитарна помош.

Во една од најсилните критики кон Израел, потрретседателката на САД порача дека израелската влада мора да стори повеќе и да дозволи отворање нови гранични премини за достава на хуманитарна помош.