Мирен ден во Белград, по синоќешните инциденти- расте поддршката за Дијана Хрка

Мирен ден во Белград. Центарот на српската престолнина, прооден но пред законодавниот дом се зголеми бројот на шатори.

Од една страна оние кои и даваат поддршка на Дијана Хрка, мајката на еден од загинатите во несреќата во Нови Сад и која почна штрајк со глад...Од друга страна - студентите и учениците кои бараат да продолжи наставата и кои со месеци го окупираат паркот пред собранието...Помеѓу нив – полиција..

 

Марина рагуш – пратеник во собранието на србија

- Мило ми е што студентите се оградија од насилството..Ми се чини дека ова е почеток на една многу важна фаза во борбата меѓу политичките партии и студентитее кои полека но сигурно се ослободуваат од сите оние кои им се закачија во изминативе месеци. 

Синоќа пак големи инцидентит пред законодавниот дом имаше помеѓу противниците и поддржувачите на Александар Вучиќ..Српскиот претседател ги обвинија демонстрантите за напад на кампот во пионирскиот парк...Противниците на Вучиќ пак тврдат дека тие биле први нападнати од студентите и учениците кои со месеци го окупираат паркот пред законодавниот дом.... Полициски кордони ги раздвојуваа двете страни, кои фрлаа шишиња, факели и камења едни кон други...

 

Службите за итна помош потврдија дека неколкумина се примени во болница поради повреди здобиени за време на протестите додека пак од српската полиција соопштија дека преку 30 лица се уапсени ..

 Министерство за внатрешни работи на Србија

„Припадници на Министерството за внатрешни работи идентификуваа и доведоа во службените простории 37 лица, кои учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти за време на ненајавен јавен собир.“

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, побара граѓаните да излезат на улица и повика на заеднички отпор низ целата држава...Претседателската на собранието пак го обвини дека се обидува да предизвика државен удар и порача дека единствено решение за кризата е преку дијалог...

Ана Брнабиќ – претседател на собранието на Србија

- Апелирам насиството и теророт кон луѓето кои мислат поинаку да престане. ..Имате отворен повик за дијалог ако сакате да разговарате за изборите. Слободно, нема теми кои се забранети. Единствена надлежна институција за разговори за тоа е претседателот на државата.

Собири синоќа имаше низ цела Србија а следуваат еден ден по комеморативен собир во Нови Сад, со кој беше одбележана првата годишнина од трагедијата.