Мир на Блискиот исток - ќе биде ли траен?

Мир на Блискиот исток. По повеќе од две години заробеништво, Хамас денес ги ослободи сите 20 живи израелски заложници кои се предадени на Црвениот крст и веќе се на пат кон Израел, за што стигна потврда од Израелската војска дека сите живи заложници се предадени и се на безбедно меѓу кои и српскиот државјанин Алон Охел, а се очекува и предавање на телата на 28 загинати заложници во наредните денови.

Во Тел Авив владее позитивна атмосвера, а стотици илјади луѓе го слават мирот на блискиот исток.

„Војната мораше да прекине, а заложниците да се вртат дома, невини млади луѓе беа заробени без никаква вина, се чинеше дека никогаш ова нема да заврши, но за среќа дојде и на овај хорор крајот“ вели граѓанка на Тел Авив 

,,ОВА Е НАЈРАЗУМНО РЕШЕНИЕ, ЗА СИТЕ, ДОВОЛНО БЕШЕ КРВОПРОЛЕВАЊЕ, ТРЕБА ДА СЕ ЗАПОЧНЕ ОДНОВО ВО МИР“ ВЕЛИ ГРАЃАНИН НА ТЕЛ АВИВ... 

,,Никој не сака да биде угнетуван и мачен, а жртвите на Хамас кои доаѓаат дома беа измачувани, изгладнувани, а некои и умреа без никаква вина, време е за мир“ вели граѓанка на Тел Авив... 

Еуфорија владее и во Газа, по прогласување на мирот најмалку половина милион палестинци се вратија во своите домови, а израелските власти соопштија дека од затворот Офер, западно од Рамала се ослободени палестински затвореници кои со автобуси тргнале на пат кон Газа... 

“МНОГУ КРВ ПАДНА НА НЕВИН НАРОД, УМРЕА ГОЛЕМ БРОЈ НА МАЛИ ДЕЦА, МЛАДИ И НЕВИНИ, НАШИТЕ ДОМОВИ СЕ РАЗРУШЕНИ И ЌЕ ТРЕБААТ ГОДИНИ ДА ГИ ОБНОВИМЕ, НО ВАЖНО Е ШТО ЖИВИ СЕ ВРАЌАМЕ ДОМА, А ИСТОРИЈАТА ЌЕ ГИ ПАМЕТИ ЗЛОСТОРНИЦИТЕ,, ВЕЛИ ГРАЃАНИН НА ГАЗА... 

Ослободувањето на заложниците е само првиот чекор кон потрајен мир. Многу детали – како разоружување на Хамас, управувањето со Газа и целосното повлекување на Израел – сè уште треба да се преговараат, а главниот медијатор на мировните преговори ќе биде американскиот претсеадтел Доналд Трамп, кој денеска од Израел порача дека светата земја е конечно во мир.  

Доналд Трамп, претседател на САД 

„Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир... Ова е почеток на ера на хармонија за Израел и земјите од регионот. Ова е историската зора на новиот Блиски Исток.

наку, предвидени се три фази во кои ќе се постигнува целосен прекин на огнот кој ќе гарантира дека нема повторно да се разгори војната на Блискиот Исток.