Минов за ТВ 24: Режимот на царот Борис Трети беше третиран како монархофашистички и во бугарската историја

Професорот од Институтот за национална историја Никола Минов во емисијата 24 анализа вели дека историјата на Бугарија не беше поинаква до 1989-90, зошто во периодот по Втората светска војна до падот на Берлинскиот ѕид и во бугарската историографија, режимот на царот Борис Трети беше третиран како монархофашистички.

- Дури после тоа, во последните триесет години се амнестира и Бугарија и царот за сето она што го правеле во војната. Стануваат администратори кај наси во останатаите територии што ги окупираа во војната, царот Борис е обединителот. Денеска, ако разговараме со бугарските историчари, ќе биде претставена сосема поинаква слика од нашата и сликата на бугарските историчари до падот на Берлинскиот ѕид. - рече Минов.