Министрите од ДУИ поднесоа оставки: Важат од моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени

Сите министри и останати функционери на ДУИ во Владата поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, но тие ќе важат од моментот опозицијата ќе гласа за уставните измени.

Веста ја соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Тетово.

Во писмото до премиерот Ковачевски, кое тој го објави на социјалните мрежи се наведува дека земјава се наоѓа во критична фаза за нејзината европска иднина, па преземајќи ја одговорноста како политичка партија со оглед на условот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поддржи уставни измени доколку има влада без ДУИ, тие се решиле на ваков чекор.

Ахмети во објаснувањето посочува и дека тој и ДУИ остануваат посветени на евроатлантската интеграција на земјава, освен во НАТО, и на полноправно членство во ЕУ, како и на сојуз со САД. Тоа, наведува, е и најголем интерес на сите граѓани без разлика на националната и верска припадност и оттука тие поднесуваат оставки кои ќе се материјализираат во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.