Министерството за животна средина се очекува да ги соопшти резултатите од земените мостри од Трубарево

Градежна механизација работи на затрупување на депонијата Дрисла. Се очекува во текот на денот делот кој што се уште чади да биде локализиран.

Пожарот во Трубарево пак екипи на противпожарната бригата од Скопје утринава целосно го ликвидирале. И двете жаришта како и дивата депонија во Вардариште ќе бидат под надзор, вели првиот човек на ДСЗ Стојнанче Ангелов. 

Жителите на дел од Скопје и ноќва ја поминаа со затворени врати и прозорци. Чад и смрдеа од диви, јавни и депонии за електронски отпад стана секојдневи на скопјани. 

Министерот за внатрешни Тошковски вели дека е потребно е системско решение, особено за Вардариште каде има населба со купушта смет каде живеат над 200 луѓе. 24 часовната контрола и надзор врз Вардариште барање кое го упатуваат еколошките организации нема да го реши проблемот, смета министерот.  

Министерот Тошковски ги повика институциите поврзани со еколошка заштита, да ги посетат сите, како легални, така и диви депонии, да ги проверат нивните дозволи и дали истите постапуваат согласно професионални стандарди 

Тошковски во врска со зачестените пожари вели дека постојат индиции дека се работи за хибриден напад, но во интерес на истрагата како што посочи не сакам да споделам конкретни информации.