МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ГО ЧЕКА ИЗВЕШТАЈОТ НА ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА КОНЦЕСИОНЕРОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Foto

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ГО ЧЕКА ИЗВЕШТАЈОТ НА ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА КОНЦЕСИОНЕРОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

После сериозните обвинувањата на рибарите од Охрид и Струга дека новиот концесионер Милорад Чавковски врши криминал врз рибниот фонд, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го чека извештајот на инспекторите кој ќе го даде последниот збор околу тоа дали тврдењата на рибарите се точни откако изминатите денови тие излегоа на терен да ја прочешлаат документацијата и работата на фирмата Летница Белвица.Министерот Димковски вели тој извештај треба да излезе следната недела.

Ако се утврди дека обвинувањата се вистините тогаш министерството ќе го раскине договорот за концесија.

За потсетување рибарите обвинуваа дека концесионерот ги тера да работат на црно, не им дава договори, рибите им ги откупува по екстремно ниска цена а последно и без нивно знаење им ги прекинал договорите за работа зимава.

Но Концесионерот Милорад Чавковски и понатаму останува на својот став дека работи законски.Во последниот телефонски разгвоор за тв 24 тој дури и потенцираше дека по неговото преземање на концесијата се спречило и намалило рибокрадството и дека неговата фирма Летница Белвица во целост  ја почитува риболовната основа и законот за риболовење.

0 Коментари

Остави коментари