Министерството за земјоделие го стега „каишот“ кој може да зема субвенции - се заоструваат правилата и контролите

Министерството за земјоделство ги заострува мерките за субвенции. Нема да има кратење на парите но ќе има дополнителни услови кои земјоделците треба да ги исполнат за да може да добијат државна помош. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски рече дека ваквата владина програма ќе придонесе за зголемување на земјоделското производството во Македонија.

Покрај условите кои ќе треба да ги исполнат земјоделците, нивните земјишта редовно ќе бидат контролирани од страна на Министерството со цел да се провери дали земјата се обработува. На таков начин според Трипуновски, ќе се намалат земјоделците кои добиваат пари од државата а не произведуваат. 

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

- Сакам да ги отфрлам обвинувањата од опозицијата и сите кои се обидуваат да ја коментираат програмата за 2026 година дека нема кратење во делот на субвенциите туку има дополнителни условувања во делот на производството во делот кој треба да го постигнеме на едно повисоко ниво, сите овие почетни реформи се да дадеме еден правец каде ќе се движи Македонија во наредниот период. Постојат категории на луѓе не би ги нарекол земјоделци кои се обиделе да го злоупотребат системот и да користат земјоделски субвенции затоа повторувам со новите капацитети кои ќе бидат ставени на располагање на платежната агенција, конторлите на терен ќе се елиминираат сите оние кои ќе закаат да печалат на грбот на државата и да земаат субвенции а да не учествуваат во земјоделскиот процес.

Од Националната земјоделска мрежа реагираат дека новата програма за нив е неприфатлива. Велат дека на овој начин најмногу ќе настрадаат малите земјоделци. Бараат да седнат на заедничка маса со Министерот и да најдат заедничко решение за да не бидат оштетени.

Диме Димитриески, претседател на УО на НЗМ

- Има, не само што има кратење туку голем дел од нашите земјодлеци нема да ги исполнат условите за финансиска поддршка бидејќи поддршката од 2 до 5 декари сега е крената на 5 декари минимално а тука се наоѓаат најголем број на наши мали земјоделци и според наше мислење малите земјоделци се моторот на земјоделците во секоја држава и тоа е непреваеден начин спрема нашите ситни земјоделци. Секогаш прво ќе се обидеме да најдиме разум на заедничка маса па и со Министерот и со опткупните центри и со замјоделците за да најдеме еден најдобар модел со кој ќе се постигне најдобар резултат во општо задоволство на сите засегнати страни.

Доколку не се постигне договор со ресорното министерство од Националната земјоделска мрежа најавија дека ќе организираат протести.