Министерството за здравство проверува можни злоупотреби со листите на чекање за операциии
Министерството за здравство има сознанија за можни злоупотреби со листите на чекање за операциии - оди пациентот да се оперира го враќаат назад да направи нова крвна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра ова денеска го изјави министерот Азир Алиу кој порача дека се проверуваат евентуални злоупотреби.
Алиу исто така рече дека не се откажува и од воведување на евиденција на работното место на лекарите со отисок од прст.
Во дел од клиниките веќе функционира системот и Алиу вели дека законски и по договор докторите и медицинскиот персонал треба да бидат на работното место и со тоа да се знае дека се на работа.

