Министерството за култура и Град Скопје во институционална „битка“ со најави за тужби
Министерката за култура со најава за тужба против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Причината, како што рече Костадиновска – Стојчевска е поради неоснованите навреди и клевети од Аровска за пожарот кој ја зафати Универзална сала.
„Инсинуирањето на Арсовска дека сум знаела за пожарот, а не сум пријавила, низата небулози искажани на вчерашниот прес во следните денови ќе бидат предмет пред судските инстанци, па самата таа ќе има можност детално да ги објасни изнесените тврдења за мене поврзани со Универзалната сала. Клеветите дека јас сум знаела за пожарот и претпоставките околу тоа кој, како и кога бил пријавен пожарот се само предмет кој треба да го решиме преку суд па да видиме, кога веќе сака да биде истражител и обвинител, нека повели“, велат од Министерство за култура.
Од Град Скопје со реакција дека министерката за култура успеала самата да се побие и не одговорила на ниту едно прашање коешто биле поставени.
„Врз основа на кој проект се реконструира Универзална сала во моментот на опожарувањето? Има причина зошто тоа го прашувам. Министерката тоа го знае. Затоа денеска страв, паника и закани. Јас не се заканувам, само прашувам. Таа се заканува со тужби, институции. Нема проблем. Јас не се плашам, како што можете да видите“, велат од Град Скопје.
Останува прашањетро, дали и кога Универзална сала ќе се врати повторно на граѓаните а со тоа и симболот на градот кој како објект „Универзална сала“ беше дел од идентитетот на градот Скопје.