Министерството за економија тврди имало намалување на цените на овошјето и зеленчукот

И по две години на власт, моменталната инфлација од 5,7 проценти е резултат на претходната власт и војната помеѓу САД и Иран вели министерот за економија Бесар Дурмиши. Според министерот, доколку не се случеше војната инфлацијата ќе беше 2 отсто.

Сегашната инфлација, вели Дурмиши, не е висока правејќи паралела со други европски држави каде има инфлација и до 10 отсто.  

Во однос на високите цени на основните прехранбени производи, Дурмиши тврди дека има намалување на цените кај овошјето и зеленчукот. За евентуални мерки, вели дека го чекаат извештајот на Државниот пазарен инспекторат. Ако се утврдат зголемени маржи, ќе се преземат мерки.  

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека се финализира извештајот и продолжуваат на терен. Извештајот ќе биде испратен до Министерството за економија и до Влада до крајот на наредната недела.

Појаснуват дека цените кај основните прехранбени и непрехранбени произовди се стабилни, не се залежеани покачувања, додека кај одредени прозиводи кај зеленчукот и овопшје има одредено намалување констатираат од ДПИ.