Министерството за дигитална трансформација воведува мерки против нелегалното коцкање
Министерството за дигитална трансформација подготвено за борба против нелегалното онлајн коцкање. Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, а во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за онлајн коцкање, најави денес од Штип министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Ќе забраниме пристап до страници за онлајн игри на среќа, со цел да ги заштитиме граѓаните, посочи денес од Штип министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој кажа дека наредната недела стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, со што ќе се забранат нелегалните онлине игри на среќа.
Повеќе од 160 нелегални веб страни за игри на среќа ќе бидат затворени во првиот бран со стапување на сила на измените на Законот за електронски комуникации, најави Андоновски.
Инаку, со овој закон се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа, со што се очекува да им се овозможи на институциите да се справат со ваквите нелегални појави, бидејќи досега врз овие провајдери немаше никаква контрола.