Министерство за здравство: За 30% е намален бројот на заболени од морбили, во однос на минатата недела

Епидемијата на морбили полека стивнува, информираат од министерството за здравство. Во текот минатата недела се евидентирани 10 случаи на мали сипаници, што покажува намалување од 30 проценти, во споредба со минатата недела.

Во целата држава остануваат уште 10.203 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје, каде од вкупно 19.494 невакцинирани, досега се вакцинирани само 11.130 деца.