Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици од пожарите - велат од министерството за здравство. формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи.

Директорот на клиниката за токсикологија Андон Чибишев вели дека досега 18 лица побарале помош, а шест лица се хоспитализирани. На готовс е ставена и Брзата помош.