Министерство за здравство: Лекот фостер во најскоро време ќе биде достапен без доплата
Министерството за здравство информира дека лекот фостер кој поскапе од триста на илјада и осумдесет денари во најбрзо време ќе биде достапен без доплата за пациентите - компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот фостер што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови го известила Министерството дека повторно ќе биде достапен без доплата.
Ова доаѓа откако цената на лекот кој го користат огромен број на пациенти со респираторни проблеми скокна неколкукратно, а заменскиот лек кој го понуди Министерстовото пациентите со недели се жалат дека не можат да го најдат во аптеките.

