Министерство за финансии ветува решавање на проблемот со лиценците на сметководителите
Сметководителите со оптимизам излегоа од денешната средба во Министерството за финансии. Министерката Гордана Димитриеска Кочоска лично им дава гаранции дека проблемот со одземените лиценци на сметководителите ќе биде решен, а компаниите навремено ќе ги достават завршните сметки до Управата за јавни приходи.
За овој проблем вчера во интервју за телевизија 24, алармираше претставничката на комората на сметководители Александра Андреева, дека над 3000 колеги незаконски им била одземена лиценцата потребна за работа, Андреева обвини дека институтот наместо дисциплинска постапка, веднаш на сметководителите им ги одземала потребните документи за работа поради тоа што не исполниле дел од обрските кои ги имаат, за што првично се добива опомена или дисциплинска мерка, а дури на крајот се постапува со одземање на лиценцата.
- Искрено се надеваме дека нема да дојде до ова како што кажа колегата Благоја има продуктивна средба со министерката за финансии они се расположени и ја сфатија серозноста на ситуацијата за решавање на овој проблем во наредните денови ќе бидеме во комуникации за да се најде законски модел да се надмине овој проблем и сите колеги да можат да си ги завршат уредно обврските кои што им произлегуваат со клиентите. - Аленсандра Андреева Комора на сметководители.
Институтот за сметководители ги отфрлаат обвинувањата од комората на сметководители дека работеле противзаконски. Тие велат дека обвинувањата за целиот процес се невистинити.
„Единствената цел на ваквите манипулации кои ги пласираат овие поединци и групи е да се закочи процесот на имплементација на Меѓународните сметководствени стандарди со кои земјата би фатила приклучок со останатите земји во регионот и пошироко, а кои повеќе од една деценија не беа воведени во земјава. Истовремено, ваквите манипулации се јасен обид за притисок врз делегатите на Собранието да не ги усвојат предложените одлуки и на тој начин да се оневозможи Институтот да продолжи со исполнување на своите законски утврдени надлежности и програмски цели кои треба да овозможат јакнење на сметководствената професија и натамошно подобрување на статусот и условите на работа на огромното мнозинство професионални сметководители во нашата земја кои доследно ги почитуваат своите законски обврски.“ - Институт за сметководители и овластени сметководители.
Обелоденувањето на проблемите во сметководствената дејност вчера за ТВ 24 ја истакна претставничката на комората на сметководители Александра Андреева, таа на неколку пати обвини дека Институтот за сметководство крши неколку закони со своето работење. Доколку овој проблем не се реши за брзо време големи штети ќе претрпат огромен број на компании а со тоа и самото стопанство.