Министерство на СДСМ протестира против министерство на ДУИ, вработените во министерството за култура бараат пари од финансии

Вработените во Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм излегоа на протест поради незадоволство од месечните примања.

Од синдикалната организација при министерството се жалат дека речиси 70 проценти од вработените во тие три установи се под просечните примања во земјава. Разликата во платите на работниците во културата со нивните колеги од другите државни органи стигнуваат до 10 000 денари за иста работна позиција.

Тие како синдикална организација веќе имаат изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење.

Вработените кои беа на протестот тврдеа дека имаат подршка и од министерство за култура од каде за телевизија 24 потврдија дека се со нив.

- Министерството за култура, во рамки на своите надлежности и со сите правни механизми кои ги има на располагање бара унапредување на правата на вработените во администрацијата и соодветно вреднување на нивниот труд. - велат од Министерството за култура.

Од министерството за финансии велат дека се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор. Веќе се работи на Законот за плати и е на јавна расправа. Решението на ова прашање со платите ќе се бара заедно со партнерите во Економско социјалниот совет, синдикатите и работодавачите.

- Во Законот за службеници во државната администрација се воведе методолодија со која минималната плата е внесена како основна компонента во платата на државната администрација и врз основа на тоа платите на сите вработените во државната администрација се зголемуваат согласно утврдените критериуми за раст на минималната плата. - велат од Министерство за финанции.

Со воведеното системско решение од овој месец минималната плата има раст за 2.175 денари или 12,55 % во однос на март лани. Раст има и просечната плата на вработените во државата, која достигна 34 илјади денари и има раст над 13%. Според податоците кои се објавини од Државниот завод за статистика покажуваат пораст на просечната нето плата во скоро сите дејности.