Министерски активности во прилог на изборна кампања
Foto

Министерски активности во прилог на изборна кампања

Преку ден функционери, попладне кандидати за пратеници - но и целодневно растрчани низ градовите. Најчесто претпладне како министри во посета на институции, попладне како партиски кандидати.

- Колку минситрите – кандидати за пратенци одат по тенок мраз - ако се земат деншните најави на активности на приемр – во партиската агенда за актовности во изборната единица 1, вицепремикерката за еконсимки прашања Мила Царовска претплднево е најавена на 3 настани, како вицепремиерка, попладеното пак според агенда како кандидат за пратеник и има уште три настани.

Министерот за вантрешни работои пак Наќе Чулев денска беше во посета на полициската станица во Штип, вчера на средба со граѓани во Шуто Оризари а промовираше и изборен спот - а средбите со граѓани во насока на кампањата која се води како во изминатите денови му престојат и во наредните. Со набиени минситерски агенди во камапањава се и останатите министри.

Дел од познавачите на проблематиката велат тенка е линијата меѓу етичкото и не е тичкото однесување кога дел од партиските но и владини функционери го користат работното време а појавувањето како министри, го толкуваат и како дел од изборна кампања.

Поранешниот антикорупционер Муса Ариф во каток телефонски разговор за ТВ 24 вели дека не смее било кој функционер да си дозволи работното време да го користи за кампања или да ги претставува интересите на партијата од која доаѓа. Вели пренагласено е во ек на кампања присуството на некои функционери во медиумите како и нивно појавување на места кои не кореспондираат со функцијата и институцијата која ја претставува.

Тв 24 побара став и од ДКСК. Претседателката Билајна Ивановска, за тв 24 вели дека многу поспорно е евентулано користење на државни сретства .

„Не е спорно функционерите да бидат во кампања, сепак се и политичари и се дел од кампањата, но тоа да не биде на сметка на буџетски сретства од типот на користење државни ресурси или службени возила. Ние имаме екипи на терен кои набљудуваат и не информираат. Доколку има таква појава секако ќе информираме и јавно за таквите наоди, а апалираме и секој кој ќе забележи таква појава да алармира кај нас.“

Во фокусот на изборната кампања но и почитувањето на препораките поради корона вирусот иако генерално партиите тврдат дека средбите со граѓани ги реализираат по пропишани правила и прописи сепак дел од јавноста реагира на одредени ситуации како денешната во која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски со истите ракавици со кои се поздравува со граѓаните прави и закуски.

Слични реакции имаше и за коалицискиот партнер на СДСМ Касами кој е забележан во скопско кафуле каде без поголма дистанца на луже не носи прописно маска во комуникација со останатите во негова близина .

Периодов во медиумите особено актуелни беа функционери и од власта и опозицијата кои се јавуваат и како носители на функции но и како партиски членови или приврзаници во изборна кампања. Изборната кампања ќе трае до 12 ти јули на полноќ . А на 13 и 14 ти ќе гласаат болните, изнемоштените и затворениците. Изборниот ден е на 15 ти јули во среда но во валидната уредба не е е предвидено да има изборен молк.

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари