Министерот за земјоделство Трипуновски контра земјоделците, вели нема постор за незадоволство
Иако трошоците за производство на земјоделски производи се минимално зголемени сепак извозните цени се покачени и тие пари завршуваат кај земјоделците. Вака одговори министерот за земјоделство Цветан Трипуновски прашан за тоа дали и како ќе се регулираат цените на зеленчукот и овошјето на пазарите по најавите на земјоделците дека ќе ги покачат цените, поради како што велат високите давачки.
Министерот објасни дека за разлика од лани оваа година има позитивен тренд во земјоделското производство и оваа гранка е рентабилна.
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
„Државниот завод за статистика излезе со податок дека извозот на земјоделчските производи има зголемени цени и тоа го припишувам на успех на Владата и министерството и така повеќе пари ќе завршат кај земјоделците. Во делот на инпутот на земјоделско производство односно трошоците има минимално покачување додека во излезните цени има дополнително зголемување што е добар показател“
Земјоделците пак не се согласуваат со тврдењата на министерот. Ристо Велков за Телевизија 24 рече дека во последните неколку години материјалите кои се користат за производство на земјоделски производи се зголемени па затоа и цените на зеленчукот и овошјето секоја година растат.
Ристо Велков, земјоделец
„Со дел од изјавата на министерот не не би се сложил, затоа што материјалите со кои се призведуваат земјоделските производи се зголемени во последните години и баш поради тоа се зголемените и цените на приозводите. Мислам дека парите не завшруваат кај производителите туку кај трговците“
Дополнително Трипуновски објасни дека преку кампањата „Македонско најдобро“ ќе се крене националната свет за купување на македонски производи и на тој начин бенефит би имале и земјоделците но и државата бидејќи парите ќе се задржуваат дома.

