Министерот за земјоделие најавува зголемување на домашното производство на храна

Ќе се намалува увозот на храна, а ќе се зголемува домашното производство, најави денеска министерот за земјоделство Цветан Трупуновски, кој се пофали дека во првата година од неговиот мандат има сериозни резултати и прогрес во квантитетот и откупната цена.

Тој вели дека со извозот на пролетната зелка, само од една откупна сезона земјава има двизен прилив од 30 милиони евра. Според министерот, во првите два месеци годинава се извезени 82% повеќе јаболка од лани, откупната цена и субвенциите за тутунот и винското грозје се зголемени,  а се зголемиле и површините под јачмен и пченица.

Од друга страна, економските експерти велат дека земјава недоволно ги користи своите потенцијали, а еден од нив е производството на храна, што директно придонесува до високи цени на храната. За професорот Абил Бауш поразувачки е земјава да увезува овојше и зеленчук, а при тоа во новиот во ребаланс да не предвидува капитални инвестиции во други области освен инфраструктура.

И додека министерот најавува продолжувањето на поддршката и инвестициите во земјоделството, кои ќе ја зајакнат домашната економија и ќе ја намалат зависноста од увоз, експертите предупредуваат дека за да се постигне вистински напредок, потребно е поинтензивно искористување на потенцијалите и конкретни капитални вложувања во земјоделскиот сектор. Така ќе се постигне двоен успех – развој на земјоделието и скротување на инфлацијата преку намалување на цените на храната.