Министерот Спасовски во посета на Кочани
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети реновираниот објект на полициската станица од општа надлежност во Кочани.
Спасовски ќе се сретне со раководството на полициската станица, како и со градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.
Предвидено е министерот за внатрешни работи да има средба и со претставници на Советот на општината и Советот за превенција во Кочани.