Министерот Муцунски првиот работен ден ќе присуствува на Советот за надворешни работи на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.
Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
На состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион.