Министерот Лимани воздржан околу размислувањата на ФЗОМ за продолжување на породилното отсуство

Министерстот за социјална политика, демографија и млади воздржан околу предлогот на Фондот за здравство за продолжување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци.  

Откако вчера директорот на ФЗОМ Сашо Клековски рече дека се разгледува можноста за ваква измена и дека во тек се анализи, Лимани денеска вели дека нема да коментира додека не се донесе финална одлука.