Министерот Кренар Лога се заканил со оставка заради законот за амнестија
Министерот Кренар Лога се заканил со оставка, велат за ТВ 24 владини извори, откако законот со кој министерот најавува намалување на затворениците во затворите повторно извиси на Влада.
На денешната седница според информациите на ТВ 24 иако била отворена дебата, законот не бил усвоен и бил пратен повторно на доработка. Пред две недели Лога сам не го предложи законот да го доработи, денеска Владата му констатира дека треба да се доработи. Од владата официјално за ТВ 24 велат дека процедурата е редовна. Од министерството за правда молк, а молчи и министерот за правда Лога.
Но, неговите коалициски партнери се гласни и денеска повторуваат дека за законот амнестија нема коалициски и политички догоор. Додека Лога не седне со Ковачевски да се договорат и усогласат и политички и коалициски законот нема да помине, во изјава за ТВ 24 висок партски функционер на СДСМ.
Освен раководството на СДСМ, на законот се противат и дел од пратениците на СДСМ. Според нив освен моментот по измените на КЗ со кои најголем дел од делата за функционерите паѓаат во вода, спорна е и селекцијата на луѓе, бидејќи велат не знаат кој се ќе биде амнестиран особено предизборно.
И додека законот кој доколку падне пазар меѓу Мицкоски и Ковачевски за амнестија за осудените за 27 април и изборни нерегуларности , со гаранции дек аВМРО-ДПМНЕ би гласала за уставните зимени треба да претрпи илки аманмднаи илие измени, очигелдно е заглавен меѓу владините коалциски математики, откако повеќе функционери за тв 24 наајви дек ажестоко ќе се спротистават на таков пазар, кој би значел и амнестија за Никола Груевски, пратеникот и еск лидер на АА кој што бееш крвнички претепан на Крвавиот четврток во интервју за 21.
- Не би било добро за правната држава доколку се амнестираат само политичарите. Да се отвори ова, ќе ме интересира овој случај, ако на маса се стават случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и „Алфа. - вели Села.
И додека се крчка евентуален пазар за нови амнестии, не сопираат меѓусебните прозивки меѓу актуелни и поранешни партиски лидери за средби со поранешниот премиер и азилант во Будимпешта, Никола Груевски, за договор за кривичниот законик, кој с еоквалификува како тивка амнестија, но и за барања за директна амнестија за Никола Груевски од шефот на државата.
Лиидерот на ДУИ Али Ахмети во телевизиско интервју обелодени дека тој и поранешните лидери Никола Груевски и Зоран Заев пред три години оствариле низа тајни средби за измените на КЗ, по што експресно беше демантиран од Заев и од Груевски.