Министерот Бектеши уверува дека од 1-ви декември ќе мора да се намалат цените на основните прехранбени производи
Од 1 декември пониски цени на основните прехранбени производи, Пазарната инспекција ќе контролира, тврди, повторно, министерот за економија Крешник Бектеши. Досега за субвенционирана цена на електрична енергија од 80 евра се пријавиле 233 производители на храна, кој досега се снабдуваа на слободниот пазар, каде цената е повисока.
Според Бектеши, од 1 декември ќе се прават инспекциски контроли за тоа дали цената е формирана врз основа на субвенционираната цена на електрична енергија.
Чудно е тоа што сите компании не се пријавиле за субвенционирана струја вели Горан Ѓорѓиевски oд Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија. Според Ѓорѓиевски потегот е позитивен и според него логично би требало да има позитивен исход во формирањето на цената на производите на пазарот.
„Повеќе пати го посмнувам тоа, дека логично и разумно би било нели првиот месец да се акомодираме, да влезе струјата во самите процеси и практично со тоа да с енамалат трошоците и би требало тоа да почне да функционира од 1 јануари. Меѓутоа, ние како одговорна компанија кон социјалните слоеви и ранливите категории на граѓани одлучивме на наша штета тоа да почне од 1 декември и ние веќе во нашите пекари имаме производ којшто спаѓа во групата на основни производи, леб, којшто ќе бид епо цена од 32 денари.“ - вели, Горан Ѓорѓиевски - претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Инаку, за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.