Министерот Адеми се предомисли и направи ревидирање на програмата за култура

По скандалот во ресорот култура и одлуката да не се финасираат реномираните манифестации а со тоа и уметници, министерот Асаф Адеми се предомисли па направи ревидирање на програмата а со тоа и дополнително финасирање на дел оф манифестациите. Но, клучните барања на културните работници се промена на моделот на финасирање како и донесување на новиот Закон за јавен интерес во културата. Закон за кој пратеничката Никица Корубин за време на надзорната расправа на Комисијата за култура во законодавниот дом побара образложение од министерот Адеми зошто не е сеуште влезен во Собрание, а додека пратеничката Магдалена Манаскова потенцираше дека Адеми треба да води културни политики а не партиски интереси со тоа што одлучил на дел од Националните установи да додели помалку пари а додека на граѓанскиот сектор многу повеќе.

Адеми пак тврди дека сите досегашни одлуки се донесени согласно постоечкиот закон за култура а додека за одолговлекувањето на новиот Закон причината ја лоцира поради тоа што не е донесен и нов закон за јавни службеници. Но, најави дека ќе има измени во постоечкиот закон за култура во делот на финансирањето за што е формирана работна група во министерството за култура

Режисерката Зоја Бузалковска со статус на својот фејсбук-профил реагираше за ревидираната годишна програма на проекти од национален интерес во културата, за која вели дека сè уште е скандалозна и вели срамно е тоа што премиерот се уште не побарал оставка од министерот Асаф Адеми.

„Срамно е што Премиерот не мисли дека треба да побара оставка од ресорниот министер по еден ваков скандал и што се задоволува со ваквата солуција, срамно е што ова ќе остане уште едно „чудо за три дена“, во кое моево писание ќе делува бајато и неинтересно за јавноста, која веќе се занимава со некој потазе и позвучен скандал, кој – „се однесува на сите“. Адеми пак тврди дека нема скандал и дека на барање на културните работници неговата моќ да се децентрализира лично ќе побара тоа да се направи.

И додека се чека донесувањето на новиот закон за јавен интерес во културата Антикорупциската комисија веќе отвори истрага за распределбата на сретствата од годишните конкурси за подршка на проекти од национален интерес за што јавноста е во исччекување на одлуката на комисијата.