Министерката Јаневска сепак потврди дека нема учебници за секое дете
Министерката за образование и наука Весна Јаневска потврди - има проблеми со учебниците на почетокот и од оваа учебна година . Одредени учебници нема за сите ученици иако според министерката годинава за нови и обнова на стари учебници се потрошени 11 милиони евра. Јаневска посочи дека – проблем се учебникот за математика во четврто одделение и учебникот по историја за осмо.
Весна Јаневска
Во четврто одделение навистина има предизвик со учебникот по математика и тој во тек ќе се обидеме да го решиме максимално колку што ќе ни дозволи законското решение. Осмо одделение предизвик е учебникот по историја. Учебникот по историја одобрен од минатите влади е повлечен 2018/19 година поради барање на мешовитата комисија. Зошто оваа година не е печатен нов учебнике за тоа што во рок од 10 до 14 дена ќе има конкурс за нови наставни прогарами за осмо оддление.
Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на родителите чии деца наместо нови учебници, како што беше најавено, не добија воопшто или пак им биле дадени неупотребливи. Ова се фотографии од учебник по математика за четврто одделение. Фотографијата покажува дека работните задачи се веќе решение и учебникот не може да се користи. Анонимни родители за ТВ 24 на ученици од четврто, седмо и деветто одделение во основни училишта во Општина Аеродром велат дека имаат проблеми и со учебниците по странски јазици.
Недоистасуваат книги и за седмооделенците и деветоодлоенеците кои според тврдењата на родителите - не добиле целосни комплети за да може да ја стартуваат учебната година.
Анонимни родители:
-Моето дете е седмо одделение и доби само два учебници досега. За другите не знаеме кога е ги добие. Истиот проблем беше и лани, немаше учебници па мораше да копираме и да се снаоѓаме.
-Ќерка ми е деветто одделение. Неа и фалат учебници по странски јазици, англиски и германски.
И додека трае процесот за набавка, печатење и достава на учебници денеска во МОН беше презентиран „Водич за вештачка интелигенција“ кој ќе биде наменет за наставници, стручни соработници и ученици. Преку прирачникот, наставниците ќе тртеба да научат како најлесно да го пренесуваат знаењето за придобивките и ризиците од користењето на вештачката интелигенција, но, исто така и да препознаваат злоупотреби на новите технолошки алатки од страна на младите.

