Минималната плата веќе од април ќе изнесува 20.175 денари

Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20.175 денари. Оваа сума во април ќе ја земат работниците како како минимална, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Имаме постојан раст на платите и тоа ќе го подобри стандардот на работниците рече министерката за труд и социјална политика.

Од Организацијата на работодавачи рекоа дека отсекогаш ги поддржуваат системските и законски решенија и секојпат се стремат да ги мотивираат и да ги наградат добрите работници.

Синдикалците рекоа дека со нивните социјални партнери најдоа решение со кое ќе се утврди системско решение и методологија за утврдување на минималната плата.

Според власта, се работи за системско решение со кое се обезбедува постојан раст на минималната плата. Конкретно, секој март износот се усогласува според податоците на статистиката, и тоа по 50 проценти од порастот на трошоците за живот и од зголемувањето на просечната плата од изминатата година.