Минимална синдикална кошничка 68 654, намалена за дури 88 денари од минатиот месец, граѓаните се жалат на „изгор“ цени
Јунското сонце донесе нови статистички пресметки за животниот стандард, но не и олеснување за семејните буџети. Според најновите податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654,00 денари. Во споредба со претходниот месец мај, кога таа изнесувала 68.742,00 денари, забележан е симболичен пад од скромни 88 денари – разлика која граѓаните тешко дека ќе ја почувствуваат во своите паричници.
Вистинскиот економски предизвик, сепак, се појавува кога во равенката ќе се додаде и покривот над главата. За семејствата кои живеат во изнајмен дом од 60 квадратни метри, финансискиот товар драстично се зголемува, па јунскиот минимум скокнува на високи 84.024,00 денари.
Трпезата и понатаму останува луксуз.Најголемиот дел од приходите, односно високи 36,6%, завршуваат исклучиво за храна и пијалаци, што во превод значи 25.120 денари.За ставката образование во јуни биле одвоени 7.192 денари (10,5%). За облека и обувки семејствата издвојувале по 6.511 денари (9,5%).Доколку семејството поседува сопствен дом за сметки (струја, вода, греење) се издвојуваат 6.379 денари.За рекреација и култура биле наменети 5.592 денари, додека транспортните потреби чинеле 5.089 денари.На маргините на буџетот остануваат рестораните и хотелите со 4.131 денар, комуникациите со 3.677 денари, личната хигиена со 2.667 денари, како и здравјето со скромни 1.196 денари.
Граѓаните велат живеачката е се' поскапа.
Во меѓувреме премиерот Мицкоски најавува десеткратно зголемување на казните за маркетите кои применуваат нефер трговски практики, како и нов состанок со претставниците на маркетите и дистрибутерите на почетокот на следната недела.Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски упати отворен повик до компаниите, дистрибутерите, добавувачите и производителите да ги пријавуваат сите манипулации на пазарот за државата да може соодветно да интервенира.
Овие бројки уште еднаш ја нагласуваат реалноста - за да се покријат само основните, елементарни потреби на едно четиричлено семејство, потребна се примања кои далеку ги надминуваат просечните минимални плати во земјава.

