Минимална плата
После неформалниот разговор со владини претставници ни стана јасно дека не можеме да очекуваме поддршка од нив за покачување на платите на сметка на субвенционирање на социјалните придонеси, велат од Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Според нив, најсоодветно би било во секој сектор работниците да се организираат и колективно да преговараат за зголемени плати за сите работници,
Од Бизнис конфедерацијата оценуваат дека според законот, веќе наредниот месец работниците ќе земат повисока минимална плата. Сепак, дилемата е дали таа ќе изнесува 24 400 денари, согласно законот, или ќе се земе во предвид барањето на ССМ минималецот да биде 30 000 денари. Од ССМ образложуваат дека зголемување од 100 евра е потребно бидејќи за толку се пораснати животните трошоци на граѓаните за една година.