Минесота ја доби серијата против Голден Стејт и се квалификуваше за финалето на Западната конференција на НБА
Минесота се квалификуваше за финалето на Западната конференција на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) откако ја доби серијата против Голден Стејт со 4-1.
Во петтиот натпревар од плејофот, Минесота победи со 121:110. Џулиус Рендл постигна 29 поени за победата, а Ентони Едвардс додаде 22 поени и 12 скока.
Брандин Подзиемски постигна 28 поени за Голден Стејт, додека Џонатан Куминга додаде 26 од клупата.
За „Воините“, ѕвездата Стеф Кари не играше поради повреда, а тоа се покажа како клучно за исходот од серијата.
Во финалето на Западната конференција, Минесота го чека победникот од плејоф дуелот помеѓу Оклахома Сити и Денвер.