Минчев: Пред да се воведе балансерот имало повеќе вработени припадници на етничките заедници

Нова влада, нови ветувања за департизација на јавната администрација. Ресорниот министер Горан Минчев преку нови четри законски решенија планира да направи ред во државниот апарат. Построги критериуми за вработување но и прецизно усогласување на платите на вработените под државна капа.

Минчев уверува дека конечно ќе се стави крај на недомаќинското работење во јавниот сектор, а како пример го наведе Инспекцискиот совет кој планира да го укине со образложение дека тој годишно трошел 225 илјади евра само за плати на седум члена на Управниот совет на ова тело. Тие месечна плата земале околу 2 500 евра а имале два состанока во текот на месецот.

„Мора да постои политичка волја. Јас ве уверувам дека во оваа влада и јас како министер ќе инсистирам на департизација на јавната администрација. Многу пати досега сум кажал, дека овој состав, во повеќе институции а да не кажам сите, има процентуална можност за квалитетно одговарање на работните задачи од 30 до 40 отсто. На вработените во сите институции. Исто така сум кажал дека ,не е тоа производ само на минатата влада. Тоа е производ на сите влади од постоењето на Република Македонија. Затоа што под партискиот превез во рамки на јавната администрација и задоволување на партиските потреби се вработувани нестручни неквалитетни и необразовани кадри.“ - Горан Минчев министер за јавна администрација.

Минчев уште една потенцираше дека во моментов се подготвува и ново законско решение кое треба да биде замена за Балансерот кој важеше за правична застапеност при вработување на етничките заедници во државните институции.

„Од 2001 до 2015 не постоел балансер за дигитална алатка за правична застапеност во јавната администрација, а од 2015 е воведен до одлуката на уставниот суд да ја укине во 2024 година, интересен е податокот во овој период кога не постоел балансерот има поголема бројка на вработени од етничките заедници откако е воеден балансерот.” - вели Минчев.

Во сите извештаи на Европската комисија и на Светска банка се наведува дека администрацијата во Македонија треба да се намали, но и да ја подобри ефикасноста во својата работа. Во моментов во јавниот сектор и државната администрација работат околу 130 илјади лица.