МИМ: Медиумите да се прилагодат на младата публика и модерните трендови

Традиционалните медиуми треба да го следат трендот на модернизација, создаваат кратки инстант вести привлечни за младите, професионализам и истражување наспроти автоцензура и зависност. Разновидна програма и содржини од сите области образовна, детска, младинска, културна, наука сопствена продукција, а не да се сведува како што ја нарекуваат анкетираните „мусака шема“ ред вести ред турски серии, како и влијанието на вештачката интелигенција кои очекуваат да предизвика промени во медиумите и новинарството.

Македонскиот институт за медиуми ги презентира своите наоди од финалното истражување кој се однесува на состојбите и трендовите во медиумската сфера, перцепциите на граѓаните и на медиумските професионалци за перспективите на новинарството и на медиумите во земјава.

Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Верџиски надлежно за медиумскиот сектор вели дека целта во овој домен е јасна, создавање политики за современ стабилен и европски усогласен амбиент.

Марија Канелопулу која што го раководи секторот во делегацијата на европската унија објави дека пред околу три недели европската унија заедно со министерството за дигитална трансформација е почнат проектот битен за реформирање на медиумскиот сектор.

 

Анализата на МИМ е спроведено во две фази: квантитативно истражување како и мислењето на граѓаните потенцира Весна Никодиноска авторка на истражувањето.

Весна Никодиноска – Авторка на истражувањето

„Иднината на медиумите, иднината на демократијата“ е дел од регионалниот проект „Нашите медиуми“, што се имплементира во периодот 2023-2025 година, со поддршка од Европската Унија.