Милвоки со 4-0 го „реши“ Детроит, Јута со победа се врати во серијата против Хјустон
Foto

Милвоки со 4-0 го „реши“ Детроит, Јута со победа се врати во серијата против Хјустон

Најдобриот тим по лигашкиот дел во НБА, Милвоки бакс со чисти 4-0 во победи го елиминира Детроит и се пласира во четвртфиналето од плејофот.

Милвоки ноќеска во четвртиот дуел од осминафиналната серија го совлада Детроит на негов терен со убедливи 127:104. Најдобар играч на натпреварот беше Јанис Адетокумбо со 41 поен и девет скока.

Противник на Милвоки во четвртфиналето ќе биде тимот на Бостон кој исто така со 4-0 експресно ја заврши серијата со Индијана.

На вториот натпревар одигра ноќта меѓу понеделник и вторник, Јута го победи Хјустон со 107:91 и намали на 1-3 во серијата прв до четири триумфи. 

0 Коментари

Остави коментари