Милвоки се справи со Атланта и без Јанис
Foto

Милвоки се справи со Атланта и без Јанис

Крис Мидлтон и Брук Лопез вкупно постигнаа 42 поени во успехот на Милвоки Бакс над Атланта Хокс со 112:86 во натпревар на редовната сезона на НБА. Домаќините играа без најдобриот играч од минатата сезона, Jaнис Адетокумбо, но сепак ја забележаа својата 33-та победа сезонава. За Атланта, поразот е деветти по ред.

Мајами Хит ја победи Индијана Пејсерс со 113-112 во интересен натпревар. Џими Батлер постигна 20 поени за успехот, додека најкорисен за Индијана беше Арон Холидеј со 17 поени и 9 асистенции. Мајами има само еден пораз дома и четиринаесет победи. „Жешките“ ја освоија четвртата последователна средба и се на четвртото место во пласманот.

Во друг меч, Орландо Меџик се справи со Филаделфија 76-ерс со 98-97. Еван Фурние постигна 20 поени, а Арон Гордон постигна 19 и додаде 11 скока. Тобајас Харис и Џоел Ембид постигнаа по 24 поени и 11 скока за гостите кои не успеаја да ја забележат својата четврта победа по ред. Орландо победи по втор пат во сезоната против тимот од Филаделфија.

Други резултати:

Сакраменто Кингс – Минесота Тимбервулвс 104-105 по продолжение
Јута Џез – Портланд Трејлблејзерс 121-115
Бостон Селтикс – Кливленд Кавалирс 129-117
Шарлот Хорнетс – Оклахома Сити Тандер 102-104 по продолжение.

0 Коментари

Остави коментари