Милошоски: Заев рече дека Јанева излегува од Шутка за 10 дена
Foto

Милошоски: Заев рече дека Јанева излегува од Шутка за 10 дена

Отворени за нови разговори, но без најави за повлекување од веќе утврдените ставови за новото Јавно обвинителство во кое треба да биде вметнато Специјалното јавно обвинителство останаа лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Најава за нова средба засега нема. Пратеникот и дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски обвинува дека власта ќе направи се случајот „Рекет“ да не дојде во рацете на независен обвинител.

Вели власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото Обвинителство за организиран криминал, но кога било побарано ова Обвинителство да го преземе случајот „Рекет“ преговорите пропаднале.

Според Милошоски, премиерот Зоран Заев најавил и дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор.

0 Коментари

Остави коментари