Милошоски за ТВ 24: Отфрлањето на францускиот предлог е изнудено

Антонио Милошоски претседател на Комисијата за надворешни работи во Собранието и екс министер за надврешни работи во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Отворено рече дека за време на германското претседателство, за Македонија имаше поволен предлог којшто во нацрт фаза беше одбиен од Софија.

- Беше голема грешка и дипломатски неуспех, што Ковачевски и Османи месец дена наназад преговарале за овој прелог, дале свој удел во истиот, не го споделиле со јавноста, не сакаа да направиме заедничка отворена седница во Собранието, за да видиме кои се контурите на тој предлог. Ова отфрлање е изнудено, откако увидоа дека јавноста се спротивставија на овој предлог. Доколку одбивањето на овој предлог од Ковачевски се случеше пред една недела тогаш ќе можевме да разговараме за тезата дали е тоа заштита на некои национални позиции. А бидејќи се случи денес, на денот кога пред нос повторни ни ја затворија вратата на ЕУ, овде само станува потег кој што ги заштитува фотелјите на Ковачевски и Османи. И сметам дека би било добро и доблесно за нив да понудат оставки, бидејќи Ковачевски и Османи се најодговорните. - рече Милошески.