Милошоски во 24 анализа: Македонија е во ситуација на блокирани преговори со ЕУ поради политиките на СДСМ
Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски во 24 анализа рече дека, Македонија е во ситуација на блокирани преговори со ЕУ поради политиките на СДСМ.
Според него, доколку сите политичари застанат заеднички поголеми се шансите да има план Б.
„Прво би сакал да се согласам со она што беше изнесено дека сме во ситауција на блокирани преговори токму поради политиките на Османи, Груби, Ковачевски и Заев. Овие луѓе пред 5 години тврдеа дека Македонија отпочнала преговори за членство. Заев од една конференција даде изјава дека спорот со Бугарија му е смешен за потоа да го прифатат тоа што 80 отсто од Македонците не го прифаќаат и да ги прифатат уставните измени. Изјавите на Кошта не се изненадување тој како искусен политичар ги следи насоките и договорите на ЕУ. Ги ценам изјавите на премиерот кој одговори искрено и сметам дека ако ние како политичари застанеме заеднички тогаш и ЕУ поинаку ќе не цени. Ќе имаме и поголема можност да добиеме план Б“, рече Милошоски.
Тој зборуваше и за тоа дека треба да се направи анализа за тоа кој е приоритетот од членството во ЕУ.
„Многу е погрешно да се прифати една таква голема концесија без национален консензус а таа да биде поврзана со отварање на поглавјата. Ние знаеме која беше голготата со блокадата од Грција. Не фер однос бидејќи тоа е методологија која не не носи до членство туку до отварање на преговори и неизвесност после тоа. 74% од Македонците се против овој услов. Ние во Македонија некритички гледаме на проецсот на проширување на ЕУ, секогаш сме спремни да исполниме барања а не сме спремни да го побараме тоа што ни следува. Ние како држава треба да направиме анализа кој е приоритетот од челнството во ЕУ“, додаде Милошоски.