Милошоски во 24 анализа: Интерпелацијата на членовите на Судски совет се очекува да има двоен позитивен ефект
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во 24 анализа рече дека реформите во правосудството во кое битна институција е Судскиот совет не може да се постигнат со менување или корекција на законски норми. Тој објасни дека интерпелацијата на членовите ќе има двоен позитивен ефект.
„За да имате реформи во правосудството каде Судскиот совет е битна инстититуција не можете тие реформи да ги постигнете со менување или корекција на одредени законски норми. Ако рејтингот на правосудството паднал не можете да очекувате дека со истиот тим ќе постигнете подобри резултати особено што ова не го прави владеачкото мнозинство од каприц. Се дала можност да се согледа работата и се забележа дека тие и во меѓусебните односи и оние за кои се надлежни има несовесно однесување. За да има рефор мора да има и законска реформа и кадровска. Интерпелацијата е неопходна кадровска реформа за да имаме подобри членови кои би ја дигнале репутацијата на Судскиот совет“, рече Милошоски.
Според него интерпелацијата треба да има двоен позитивен ефект.
„Ова интерпелација треба да има двоен позитивен ефект, првиот е поднесување на одговорност на актуелните членови а вториот за секој нов член што ќе биде предложен ќе биде повнимателен и посовесен“, додаде Милошоски/